Вести Македонија

ЦУК побара помош од МВР и ДЗС во гасењето на пожарите во Штип и Зелениково

Центарот за управување со кризи соопшти дека во моментов активни се два шумски пожари, еден во општините Штип и уште еден во Зелениково.

Во моментов информациите се дека пламените јазици се шират поради што  побарана е помош за нивно гасење со авион и хеликоптер.

– Првиот пожар избил околу пладне на територијата на Општина Штип каде во атарот на село Пиперово е опожарена сува трева, но тој набрзо се раширил кон околната шума. Пожарникарите од локалната противпожарна единица се ангажирани на гасење на блиската боровата шума, поради што е побаранана помош од хеликоптерската единица на МВР, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Анеглов.

Вториот пожар е во Општина Зелениково во атарот на село Гумалево, каде според Ангелов пожарот излегол од контрола и побарана е поддршка од ер-трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе