Вести Македонија Најважни

Битиќи лично ќе достави претставка за ценовниот шок до Комисијата за заштита на конкуренција

Вицепремиерот Битиќи  лично ќе оди во Комисијата за заштита на конкуренцијата и ќе достави претствака за ценовниот шок кој се случува изминатиот период. Од комисијата пред неколку  дена се изјаснија дека тие самоиницијативно и по допрен глас, без прествака не можат да проверуваат дали трговците картелски се договараат за цените.

Битиќи тврди  дека тоа е нивна работа и ако им треба молба тој лично во вторник ќе ја пише до комисијата.

-За жал утре не можам, првиот ден кога ќе се вратам, ќе бидам гостин во КЗК, еве јас ќе пуштам преставка да почнат да иницираат во сите области, ако нема други граѓани, еве јас ќе бидам тој кој во вторник  ќе поднесе претставка  во 10 часот и заедно ќе одиме, ќе  напишам молба онака како што треба со мој потпис за да почнат да постапуваат, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Зошто и покрај толку субвенции во земјоделството, програми и мерки , цените  на зеленукот и овошјето се значително високи, министерот Николовски конкретно не одговори. Зборуваше само за тоа колку успешно се спроведува  ИПАРД програмата и повтори дека целта  е да се задржи и зголеми домашното производство и дека секојдневно се во координација со земјоделците.

Ние се гордееме со ИПАРД и повторно ќе одговарам за Ипард и сега кога не враќаме ниту едно евро во ЕУ, зарем тоа не е успех, што  друго е успех  ако не целосна имплементација на ИПАРД, ефектите допрва треба да ги даде, вели Николовски.

Битиќи пак проблемот го гледа во тоа што земјава се уште е увозно зависна,  доволно производство нема, но не може на никого да му се забрани да извезува.

И додека се чека да се најде виновникот за поскапувањето  и да се донесат мерки, граѓаните секојдневно се борат  со ценовниот шок. Она што се знае е дека  бизнисот е против ограничени маржи и замрзнување на  цени. Властите пак најверојатно  повторно ќе интеревираат кај маржите,  а следната недела ќе се доесе и кокретна одлука за млечната криза која млекорпизвдотелите очекуваат да се случи од следниот месец.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе