Вести Свет

Големите американски медиуми започнаа да го блокираат ChatGPT на своите платформи 

Дизни, Њујорк тајмс, Си-ен-ен се меѓу десттина големи американски медиуми кои го блокираат пристапот до ChatGPT, и започнаа студена војна против вештачката интелигенција.

Редакциите на повеќе американски весници и телевизии преземаат одбранбени мерки да ги заштитат содржините од ChatGPT, револуционерен чатбот со вештачка интелегинција (ВИ) што за многумина е потенцијален агресор на и онака ослабената медиумска индустрија.

ChatGPT може да создаде имитација на текст, видео, звук и фотографија во речиси идентична форма и содржина како и оригиналниот автор на материјалот.

Блокирањето се прави со вметнување на кодови во вебсајтовите кои го спречуваат веб ползачот ChatGPT да ја скенира нивната платформа за содржини.

Си-ен-ен соопшти дека досега ваква блокада имаат ставено Њујорк тајмс, Ројтерс, но и  медиумските џинови како Дизни, Блумберг, Вашингтон пост, Атлантик, Аксиос, Инсајдер, Еј-би-си њуз, И-ес-пи-ен и Готамист, меѓудругите. Издавачите како „Конде наст“, „Херст“ и „Вокс медиа“ кои подготвуваат повеќе познати изданија, исто така презеле одбранбени мерки.

Длабоките архиви и правата за интелектуалната сопственост на овие медиумски организации имаат огромна вредност и се клучни за тренирање на модели на ВИ како ChatGPT, за корисниците да добиваат поточни информации.

Еден директор на медиуми кој побара анонимност изјави дека  „повеќето од интернетот е ѓубре. Традиционалнте медиски издавачи, напротив, се раководат од факти и нудат квалитетни содржини“.  Студената војна протв ChatGPT започна, претстои да го видииме и првиот истрел, напиша Си-ен-ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе