Уставни измени најверојатно нема да има согласен е и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој рече дека би сакал тие да се случат но дека тоа не зависело од пратениците од неговата партија.
– Моите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владеачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат, истакна претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши во интервју за Локално.
Според Гаши самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат.
Порачува дека и да има некое влијание од Исток, како од Русија или Кина, за спречување на евроинтеграцискиот процес, тоа не треба да не заплаши, бидејќи нашето општество е цврсто определено за западниот курс.
За борбата со корупцијата и излезот од лошата ситуација, Гаши смета дека е потребно целосно редефинирање на правосудниот систем под покровителство на правните институции на САД и Европската Унија.
Гаши очекува уште многумина од врвот на ДУИ да се најдат на црната листа на Стејт департментот на САД.