Кошарка Спорт

Ново натпреварување во текот на сезоната во најсилната кошаркарска лига – НБА Куп

НБА-лигата објави дека во новата сезона ќе организира уште едно натпреварување, односно турнир среде сезоната, кое ќе се вика НБА Куп. Ќе се игра за време на регуларната сезона од 3 ноевмри од 9 декември годинава.

Во Купот ќе учествуваат сите 30 екипи, кои се поделени во вкупно шест групи, односно по три во двете конференции Западна и Источна.

На Запад во групата А ќе се натпреваруваат Мемфис, Феникс, ЛА Лејкерс, Јута и Портланд, во групата Б се наоѓаат Денвер, ЛА Клиперс, Њу Орлеанс, Далас и Хјустон, додека во групата Ц се Сакраменто, Голден Стејт, Минесота, Оклахома и Сан Антонио.

На Исток, во групата А се Филаделфија, Кливленд, Атланта, Индијана и Детроит, во групата Б се Милвоки, Њујорк, Мајами, Вашингтон и Шарлот, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат Бостон, Бруклин, Торонто, Чикаго и Орландо. Секој тим ќе игра по еден натпревар со секого во групата, или вкупно четири, односно два дома и два на гости.

Групната фаза ќе се игра од 3 до 28.ноември секој вторник и петок.

Во четвтфртфиналето, односно првата нокаут рунда ќе се квалификуваат шесте победници во групите, а таму ќе им се придружат и двете најдобро второпласирани екипи. Во оваа фаза ќе се игра по еден елиминациски натпревар, а победниците ќе одат на завршен турнир на неутрален терен, односно полуфиналето и финалето ќе се одржат во Лас Вегас на 7-ми и 9-ти декември.

Сите 67 натпревари од Купот, освен финалето ќе се сметаат како одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија пред најтешкиот испит – Белгија гостува во Скопје

Дејан Дејан

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале во ЛН (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Анчелоти дебитираше на клупата на Бразил со реми без голови (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе