Вести Македонија Топ вести

Багерите отпочнаа со работа – реакциите околу изградбата на коридорите 8 и 10д не сопираат

Со европско знаменце на закон кој веќе е усогласен со европско законодавство СДСМ и ДУИ ги кршат  нормите кон европското членство, обвинија и денеска од ВМРО ДПМНЕ, за спорните закони за проектите од Коридорите 8 и 10 кои одат по брза процедура во Собранието.

Со ова се загрозуваат преговорите на Македонија во ЕУ а единствен нивни  мотив  е корупцијата и криминалот, рече потпретеседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска.

„Во ситуацијава имаме три клучни моменти. Прво менуваат закон кој веќе еднаш бил усогласен. Второ ставаат европско знаменце и прават злоупотреба на европското знаменце и третата ситуација е тоа што со овој закон во суштина комплетно се менува нешто што веќе било пракса на некој начин односно имаме судска одлука која кажува дека во неделата треба да имаме 40 часовна работни саати“, кажа Димитриеска Кочоска.

Евроамбасадорот Гир денеска не сакаше повторно да  коментира за ова, но во  изминатите денови во неколку наврати го пренесе ставот на ЕУ дека  тие не се согласуваат со европското знаменце на законите повзрани со реализацијата на договорот со Бехтел и Енка.

Во интервју за Гласот на Америка,  пак, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, запрашан за  коментар за проектот за изградба на автопатите што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум ,  што покрена многу сомнежи,  рече дека корупцијата е најголем предизвик, не само за  Македонија, туку за целиот регион.

„Имаме дијалог со владата за конкретни наводи и конкретна поддршка што можеме да ја дадеме. Можам да ви кажам дека од Вашингтон, нашата најголема грижа е дека корупцијата е еден од најголемите предизвици за целиот регион, не само за Северна Македонија. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски долго разговараа за тоа за време на нивниот состанок, за начините на кои можеме да работиме заедно за намалување на корупцијата во регионот, рече Ескобар.

По вчерашниот почеток на активностите  од Коридорот 10 д на автопатската делница Прилеп Битола, од Влдата денеска со соопштение дека подготвителните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од догворот за изградба.

Со Коридорите 8 и 10д предвидена е изградба на автопатски делници на 4 патни правци во должина од 110 километри кои според проценките ќе чинат 1,3 милјарди евра, а доколку не се донесат законските измени во собрание, сумата ќе биде и поголема

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува дека власта штити виновници за Кочани, Мицкоски негира

Дејан Дејан

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе