Вести Македонија Топ вести

Шаќири: Државната матура ќе се полага на 27 мај, ако треба ќе ја спроведат вработени во МОН

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изрази поддршка за барањата на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) кои штрајкуваат, но упати и јасна порака од Кавадарци претпладнево – државна матура ќе се полага на 27 мај за што, како што нагласи, ако биде потребно ќе бидат ангажирани вработени од ресорот со кој раководи.

„Ги поддржувам барањата, но мој конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај како што е предвидено според рокот. Според податоците што ги добивам јас како министер, се прават сите подготовки да се полага државната матура. Ако е потребно од понеделник и вработени од Министерството за образование и наука ќе испратиме само за да се завршат работите“, изјави Шаќири.

За барањата на вработените истакна дека треба да дојде момент за нивно целосно реализирање.

„Знаеме дека станува збор за мал број на вработени, но причината е дека се чека системското решение со општиот колективен договор и после тоа може да има дискусија помеѓу директорката на Државниот испитен ценатр и вработените за реализација на нивните барања“, додаде Шаќири.

Од Сојузот на средношколци денеска, исто така, изразија поддршка за барањата на вработените во ДИЦ, но велат дека одржувањето на државната матура е законска обврска и државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе