Вести Македонија Топ вести

Собраниската расправата за законите за „Бехтел и Енка“ ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени

Комисијата за европски прашања денеска ја продолжува својата работа по однос на дневниот ред кој вчера експресно беше изгласан, а на кој на дневен ред ставени се предлог измените на законите поврзани со договорот со Бехтел и Енка, и кои од владата добија европско знаменце.

Бидејќи станува збор за закони на кои им се става приоритет расправата ќе трае два дена без разлика колку амандмани ќе бидат поднесени.

Опозицијата која не учествуваше за време на гласањето најави кривични пријави за кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и наметнување на спикерската воља над правото.

На вчерашната седница пратениците реагираа и зошто на предложените измени не се потпишани министри, туку заменици, а на некои од нив и воопшто нема потписи.

Образложението зошто се продолжува работната недела, исто така го даде заменик. Потребата за измени на законите беше изгласана со 62 гласа „за“.

На носењето на законите со европско знаменце претходно реагираше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ваквата пракса загрижува бидејќи како што посочи системот на европско знаменце се користи за усогласување на домашната легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Додаде дека во однос на законите поврзани со коридорите 8 и 10д нема усогласување со европските стандарди.

ВМРО ДПМНЕ ќе упати писмо до Европската комисија, амбасадите и до сите институции за да предупреди дека со криминален тендер ќе почне изградбата на коридорите осум и десет д, и дека се работи за криминално трошење стотици милиони евра за аванси и пенали. Мицкоски се сомнева дека тие се злоупотребени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува дека власта штити виновници за Кочани, Мицкоски негира

Дејан Дејан

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе