Вести Македонија Топ вести

За Ковачевски бирократијата е виновна за смртта на Благојче Илиевски – наредил веднаш да се купи лекот „трикафта“ за цистична фиброза

За премиерот Димитар Ковачевски тешката бирократија во Македонија е виновна за смртта на Благојче Илиевски кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза затоа што го чекаше лекот „трикафта“.

– Јас сум станат денес најрано откако сум вработен, скоро 23 години. Затоа што за мене е навистина тажен ден, не само за семејството на Благојче Илиевски, туку и за целата земја. Благојче се бореше со оваа ужасна болест и тоа беше херојска битка. Но, неговото тело не издржа. Најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот и можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување. Од информациите кои што го имав од директорите на соодветните клиники, дознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба на кои и можеби и лекот „трикафта“ веројатно нема целосно да им помогне, сепак тоа не може да го тргне чувството на тага и на гнев дека можевме да направиме нешто повеќе за Благојче.

Но, зошто не направивме повеќе? Зошто толку се одложи се дури и откако ветивме и откако правните и експертските тимвои седнаа заедно да најдат решение. Ќе ви кажам отворено, тоа е поради истите причини од кои нашата земја пати веќе 30 години. Комплицирана и неверојатна бирократија која размислува зошто не може да се направи, а не размислува зошто нештото може да се направи. Граѓаните страдаат. Бирократија сме сите ние и редно време е да се соочиме со тоа. Така функционира нашата држава – рече Ковачевски.

Тој утрово разговарал со министерот за здравство Беким Сали дека оваа ситуација за него е неприфатлива. Разговарал и со директорот на ФЗО и со министерот за финансии.

– Ги замолив, посебно министерот за здравство да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа. Немам намера низ бирократските лавиринти нешто да чекам туку решив веднаш да се одвојат пари од ФЗО за најкритичните болни од цистична фиброза. УО веднаш ја донесе одлуката. Очекувам лекот да биде достапен брзо и Малмед има обврска веднаш да го регистрира. Бирото за јавни набавки да направи интервентен увоз, не може да се чека бесконечно. Ова е вонредна мерка, јас немам намера да ни умре друг пациент поради невозможна бирократија.

Јас лично сум бил изложен на оваа бирократија двапати во моето семејство и само благодарение на лекрарите сега сме сите дома на број. Но, поради таа бирократија морав да одам да купувам лекови од Швајцарија – додаде премиерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе