Вести Свет Топ вести

(Видео) Најавените пензиски реформи ги дигнаа на нозе Французите – 1,3 милиони граѓани излегоа на улица

Речиси 1,3 милиони Французи учествуваа на синоќешниот национален протест, што претставува зголемување од првиот бран на штрајкови и маршеви пред две недели. Само во Париз на улица излегоа 87.000 граѓани.

Протестите се против идејата на владата за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години, односно од 62 на 64 години за што инсистира и претседателот Емануел Макрон.

Синдикатите, пак, кои се главни организатори на протестите, се заканија со нови штрајкови и собири. Првите прекини на работата во Франција се закажани за 7 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе