Uncategorized

ФОТО: Инспекциски надзор врз дивоградби во Старата скопска чаршија

Претпладнево е извршен вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам потврдија дека утрово директорот Фатмир Арифи и надлежни инспектори извршиле надзор по што ќе изготват извештај за постапување. Надзорот е вршен со полициска асистенција, потенцираа од Инспекторатот.

-Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам денес во 10 часот спроведе вонреден инспекциски надзор со придружба на полициски службеници во Стара скопска чаршија врз објекти кои се бесправни а се изградени во заштитено старо градско јадро  од култорно наследство во Стара скопска чаршија, соопштија од Инспекторатот.

Станува збор за објекти кои се изградени без дозвола и без конзерваторско мислење кое е задолжително за заштитената скопска чаршија. Објектите биле доградувани и проширувани врз патеки и улички во чаршијата со што е попречувано и движењето во овој културно-историски споменик.

Инспекторатот ќе подготви извештај и ќе преземе дополнителни активности на отстранување на бесправно изградените објекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Сопственик на погребален дом во САД чувал 200 распаднати тела

Дејан Дејан

Димески: „Шанса за Центар“ ќе нема проблем за собирање на потребниот број на потписи за кандидарање на независни листи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе