Вести Македонија Најважни

МВР: При спровод од Ургентен до Идризово осуденик му го одзел пиштолот на возачот и пукал во него, па избегал со ауди

„На 12.01.2023 г. во 23.20 ч. четворица вработени во Затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во Затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“. Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Телма дознава дека станува збор за осуденикот Беким Мемети. Телма веќе овјави дека еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош. Возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и со огнено оружје се пресметале со припадници на затворската полиција.

Ранет припадник на затворската полиција во филмско грабнување на затвореник осуден за убиство

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе