Рано утрово во повеќе основни и средни училишта во Аеродром.
Учениците и вработените во скопските гимназии „Ѓeорги Димитров“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ се евакуираат.
Учениците се евакуирани надвор од училишните згради, а родителите на децата од помалите одделенија се известени да дојдат од работа за да ги земат децата.
-Дојави има во сите училишта. Евакуацијата е завршена, родителите си ги земаат децата, денес настава нема да има, информираат од општина Аеродром.
Дојава за бомба има во ОУ Љубен Лапе, школо кое се наоѓа веднаш до зградата на СВР Скопје каде е канцеларијата на началникот на скопската полиција.
Учениците од ОУ Љубен Лапе се изведени на блискиот паркинг додека на булеварот се изведуваат градежни работи. Потоа со наставничките им било препорачано да се префрлат кон Мајчин дом и кон хотел Русија, па родителите немаат информација каде точно да ги земат.
-Службите се на терен и се постапува согласно на протоколите за ваков вид на дојава, велат од општината и локалниот совет за превенција.
И ученици од ОУ Браќа Миладиновци и Александар Македонски“се евакуирани во близина на училишната зграда.
Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители. – Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани.
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово. Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.
- „Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени. Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки“, потенцира Димитриевски.