Вести Македонија Топ вести

„Паразити“: 560 илјади евра за еден мандат

11.500 евра е највисоката плата од денешното продолжение на аферата „Паразити„. Опозицијата открива дека ја има членот на Управниот одбор на Телеком, Никола Љушев. Според пресметките, за еден мандат од 4 години ќе заработи  560.000 евра. Втор на листата е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 3.300 евра месечно.

Трет е директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 1.700 евра. Последен на денешната листа се најде Љупчо Зиков, за кого велат дека е дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер кој месечно од МЕПСО зема 80.000 денари.

Од партијата не веруваат дека владата наскоро ќе го стави во процедура Законот за плати што го најавува за ограничување на платите на функционерите. Но, велат дека, доколку се случи тоа, ќе го поддржат. На законот работи Министерството за информатичко општество и ќе ја опфаќа целата државна управа.

Премиерот денеска и самиот призна дека платите се неконзистентни и дека има претпријатија кои работат со загуба, а раководствата земаат плати поголеми од министерските.

Функционерските плати и партиските вработувања станаа актуелни по скандалот во М-НАВ по кој опозицијата ги објави платите на директорите кои таму се движат од 4 до 6 илјади евра.

Проекциите покажуваат дека, оваа компанија годинава очекува од прелети, терминални услуги и закупнина да заработи 16 милиони и 589 илјади  евра, а да потроши 153 илјади евра помалку. Но, платите и другите давачки за вработените се убедливо најголемиот трошок и  изнесуваат 70 отсто од приходот, односно 12 милиони 354 илјади евра бруто. Оваа компанија е позната и по тоа што дава по околу 1 милион евра само за 13-та плата на вработените кои се околу 300 на број. Средства за инвестиции остануваат малку, па се земаат кредити, а државата и таму инвестира. На почетокот на годината владата најави инвестиција од 11 милиони евра во модернизација на навигацискиот систем и нова зграда.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе