Во салонот „Империјал 1“, при Културно- информативниот центар во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата „Мал формат“, на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На неа учествуваат 40 уметници со 55 дела, работени во различни медиуми (сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти и нови медиуми).
„Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“, со површина 25 на 25 сантиметри, претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност“, велат од ДЛУМ во најавата за изложбата.
Во рамките на отворањето на изложбата ќе биде доделена една награда за мал формат.