(архивска фотографија)
Нападот се случил за време на прошетката во затворскиот круг во Идризово, а неговиот адвокат вели дека има повреди на глава и дека во затворското крило каде е сместен не е безбеден.
-Седел во дворот кога тројца затвореници кои не ги знаел го нападнале и го удирале со клоци и боксови. Има хематом на главата и е префрлен во болница. Претходно имаше и закани, но ова е прв фиички напад. Претходно кога беше сместен во новиот дел немаше никакви проблеми, откако со налог од директорот на Управата е префрлен во стариот затворски дел има повеќе закани, сега напад и воопшто не е безбеден, изјави за Телма во телефонски разговор, адвокатот Сашко Дуковски кој е бранител на Јовановски-Боки-13.
На повеќе објави на социјалните мрежи има негативни, навредливи и ликувачки коментари за нападот врз осуденикот Бојан Јовановски поради што реагираа повеќе активисти за човекови права.
-Исмевањето и ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество и слика за токсичноста и злобата која никогаш освен во последнава декада не била одлика на мојот народ, напиша активистката Ирена Цветковиќ.
Нападот се случил вчера во затворот во Идризово околу 15:40 часот.
Бојан Јовановски-Боки 13 претепан во затворот „Идризово“ и пренесен на Ургентен