Вести Македонија Топ вести

Пратеникот Рамчиловиќ избран за амбасадор во Црна Гора, тајната служба АНБ останува без директорот Димовски кој е назначен за амбасадор во Париз

Министерот Бујар Османи на брифингот за активностите на МНР соопшти 4 амбасадорски имиња.

Нови амбасадори се Зулфи Исмаили во Брисел, кој и претходно бил дипломат во ЕУ мисијата во Брисел, а во моментот е советник за меѓународни работи во кабинетот на Османи.

Во престолнината на Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.

Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора. Рамчиловиќ беше еден од 8-те пратеници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени по Преспанскиот договор, а потоа беше избран за пратеник на листите на коалицијата на СДСМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска до Обвинителството: Доказите за фалсификатите и дивоградбите во Чаир таму активно се уништуваат

Дејан Дејан

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Дејан Дејан

Митева: Со Оперативниот план за вработување треба да се промени логиката на државната поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе