Вести Култура

Во градот без кино сала – тетовскиот фестивал е ретка можност за луѓето да погледнат филм на големото платно

Тетово живее без ниту една кино сала, а единствен начин жителите да погледнат филм на големо платно се фестивалите.

11-та година по ред се организира Меѓународниот филмски фестивал

„ТИФФ ОДА“, на чиј репертоар овие денови ќе бидат прикажани меѓународни филмови, меѓу кои и филмови победници на Оскар, Кан, Берлин, Венеција и други фестивали.

Од вкупно пријавени 3 185 филмови од 110 земји во светот, годинава на „ТИФФ ОДА“ ќе бидат прикажани 51 филм, додека од нив 46 ќе се борат за главните награди во пет категории.

Синоќа фестивалот беше свечено отворен со прикажување на „Вера сонува за морето“ филм на Калтрина Красниќи.

Главната актерка, Теута Ајдини Јегени, вели дека конкуренцијата оваа година е силна, но таа очекува награда.

Оценувањето на филмовите учесници на ова издание на Фестивалот во балканска конкуренција ќе го направат познати имиња од филмскиот свет како Арбен Барактарај, Владимир Блажевски и Блерта Башоли.

Додека жирито во категориите кратки филмови годинава го сочинуваат режисерите Ујкан Хисај, Ѓорче Ставрески и Агим Абдула.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе