Вести Македонија Топ вести

Лошата пракса во тендерите може да се реши со подзаконски акти, правилници и поголема контрола

Здравствениот дом во Тетово се подновил со возило опел кросовер од 20.000 евра со кожен волан, вградени шест звучници и седум инчен екран на допир, за потребите, како што е наведено во јавната набавка, на службите за патронажа и вакцинација. Илјада столици, дрвени привезоци, украсни камења, сувенир чаши и шишиња  пак се бараат на тендер од страна Општоина Чаир, 21 година од Охридскиот договор прославена со забава во вредност од 100.000 евра. И се ова во време на здравствена, економска и енергетска криза. Основно училиште во Битола пак трошело средства од проект од програмата „ЕРАЗМУС +“ без спроведување на тендер, без плаќање на персонален данок, а дел од парите за патни трошоци биле префрлани на сметки на родителите, утврдил општинскиот ревизор во Битола, додека за печатење на сведителствата пак за учениците од основните и средните училишта Бирото за развој на образованието распишало два тендери, за иста учебна година, бидејќи Бирото не направило добра проценка колку сведителства на крајот од годината ќе му бидат потребни.

Ова се само примерите за јавните набавки на инстициите за кои јавноста дозна во иминатите неколку дена, а кои и според инситуциите и според граѓанските организации кои ги следат јавните набавки во државава не се исклучок туку многу често правило како се трошат буџетските пари.

Од Центарот за граѓански комуникации кои во Анализата за спроведувањето на тендерите во време на ковид кризата најголемиот проблем го лоцираа во пријавувањето или останувањето на само еден понудувач на тендерот, за справување на слабостите во јавните набавки кои носат висок ризик од корупција и судир на интереси сметаат дека не може да се прави со законски измени.

„Може да се направи нешто со подзаконски акти, со некакви водичи, некакви насоки до институциите, за барем да знаат како треба да постапат. Затоа што законот, како закон, не може да се прилагодува на разни конкретни ситуации. Денеска е пандемија со ковид, утре може некоја друга криза ќе дојде и т.н. Меѓутоа подзаконски акти, насоки како да се набавува во услови на криза тоа секако може да се направи“, вели Герман Филков, претседател на Центар за граѓански комуникации.

Она пак за што Центарот за граѓански комуникации смета дека треба да се доуреди со закон е ангажирањето на надворшени лица и фирми за спроведување на јавните набавки. Нивната анализа покажала дека институциите се почето го прават тоа, но без јасни објаснувања зошто ангажирале надворшени лица и фирми за спроведување на тенедерот, ниту по кои критериуми тие се избираат, а се покажало и дека ангажирањето на надворешни лица не донело никакво посебно позитивно влијание на тендерскиот процес.

Од Комисијата за спречување на корупцијата пак за овој феномен велат дека не е спорно институциите кои немаа доволно стручнен и технички капацитет за ами да спроведат тендер да ангажираат експерти.

„Меѓутоа треба да бдие точно утврдено и уредено со некој акт во институцијата, на пример ние направивме таков правилник и точно се знае, за кои, под какви критериуми ангажираме експерти, колку ги плаќаме, како ги плаќаме. Значи се ни е уредено во тој правилник – точно, прецизно, под критериуми, за што го ангажираме и се тоа треба да биде составен дел од договорот. И понатаму е лесно за контрола дали тоа што сме го договориле е исполнето“, вели Биљана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Инаку документ за јавни политики со кој се нудат некакви решенија за тоа како може да се спречат овие проблеми кои се јавуваат во јавните набавки, особено во време на кризи, е веќе изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации во соработка со Бирото за јавни набавки и педесетина институции. Сепак и од Центарот и од ДКСК за да се смени лошата пракса на спроведување на јавните набавки сметаат дека е потребен и сериозен пристап и доследно почитување на сите одредби од Законот, но и поголема контрола од инстициите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе