Вести Македонија Топ вести

Дожд и засилен ветер попладнево во делови од Скопската котлина

Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер има и паднати дрва.

Денешното невреме во Скопје кое беше проследено со силен ветер предизвика материјална штета на неколку локации низ градот.

Во населбата Аердором силниот ветер откорна неколку дрвја, но и откорна дел од лимен покрив на зграда, кој според станарите, бил саниран пред две години и сега има опасност да падне на земја. Засега нема ниту повредени, а нема ниту оштетени автомобили.

Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има пад на температурата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе