Вести Македонија Најважни

Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Со кратки протоколарни изјави на двајцата министри за надворешни работи, без збор за тоа што содржи документот, но и без можност за новинарски прашања, денеска во Софија, Македонија и Бугарија го потпишаа вториот Протокол за имплементација на Договорот за добрососедство.

Документот со кој е условено одржувањето на првата од двете меѓувладини конференции на земјава за старт на пристапните преговори со Европската унија, се потпиша по нецели 24 часа откако македонското собрание и владата ја прифатија предлог-преговарачката рамка за полноправно членство во Унијата.

Но и покрај тоа содржинта на протоколот се уште останува тајна.

Ниту шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, ниту шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, не соопштија кога документот ќе и биде презентиран на јавноста. Нивните изјави по потпишувањето беа толку внимателно срочени, што од нив можеше да се разбере само поводот зошто денеска се сретнаа во Софија.

„Тоа што суштински е најважно и вие сите сте сведоци денеска, е потпишувањето на вториот протокол меѓу република Бугарија и република Северна Македонија. Експертите од министерството за надворешни работи се подготвени да продолжат со заедничката работа на ниво на работни групи со колегите од министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија“ –,изјави Генчовска.

Слично беше обраќањето и на нејзиниот македонски колега Османи, кој протоколот само го спомена во контекст на констатција за сработеното.

„Од тоа што го разговаравме, меѓутоа и од ова што го има во овој протокол, во овој записник, се глед дека навистина е сработено доста. Се гледа дека сите кои биле вклучени максималлно се вложиле за да има документи, меморандуми, проекти со кои што односите меѓу нашите две држави отвораат ново поглавје”, изјави Османи.

Османи се надева дека потпишувањето на документот ќе отвори едно ново поглавје во однсоите меѓу двете земји, од обичните граѓани до политичарите, за надминување на сите предизвици и пречки за да, како што рече Османи, двете земји го продолжат патот на европско сојузништво.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем број претставки до Народниот правобранител

Дејан Дејан

Се бара вината за смртта на пациент на Кардиохирургија

Дејан Дејан

Независниот синдикат на полицијата поднесе претставка пред Судски совет против четворица скопски судии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе