30 години независност и 20 години од минатиот попис а 344 граѓани во графата националност навеле дека се чувствуваат како Југословени. Од постоечките земји, но странски, Македонија е дом и на деветммина Кинези. Нејнезастапени се Австралијанците и Данците, а од мнозинските малцинства Торбешите прединачат пред Бугарите со 4,174, наспроти 3,504. Следуваат Египјаните и Хрватите а земјава обединува најмалку 50 малцинства и се зборуваат најмалку 30 различни и слични јазици.
Застапени се и безмалку сите верувања и богови. Будизмот е 8 религија во земјава со 894 приврзаници. Двојно побројни се агностиците, а над 1.000 граѓани се Јеховини сведоци. Православни и Христијани се 1.089.000 граѓани со незначително поголем процент жени. Следбениците на Алах се следни со 590.000 определени. Во однос на жители Македонија и официјално ги доби најбројната и најмалата општина.
Во земјава постојат и граѓани кои го употребиле правото и слободите и се изјасниле дека се марсовци и џедаи според националноста, но и такви кои одбиле да припаѓаат на некоја националност или религија.
Со 97,45 % Во Арачиново, Албанците се етнички најзастпани, следи Липково, а во етничкото милје во Кривогаштани има најголем процент Македонци или над 97. Скоро половина од Ромите како живеалшите ја навеле Општина Шуто Оризари.
Земјата старее според старосните групи. Родените во 1981 – година се најзастапени жители или 26.130 граѓани. Новородените се смалуваат од година во година, а Македонија може да се пофали и со 51 стогодишник или над 4.000 граѓани за време на пописот биле повозрасни од 90 години.
Во Македонија најбројна група со 320.000 припадници се двочлените семејства, а пред нив се самците или 103.000 граѓани, а потоа следат трочелните и четиричлените семејства со 115.000 односно 117.000 на број. Над 2.300 семејства имаат над 10 членови.
Павле Беловски