Вести Македонија Најважни

Македонија дом и на атеисти, југословени, будисти, но и на над 4.000 лица постари од 90 години

30 години независност и 20 години од минатиот попис а 344 граѓани во графата националност навеле дека се чувствуваат како Југословени. Од постоечките земји, но странски, Македонија  е дом и на деветммина Кинези. Нејнезастапени се Австралијанците и Данците, а од мнозинските малцинства Торбешите прединачат пред Бугарите со 4,174, наспроти 3,504. Следуваат Египјаните и Хрватите а земјава обединува најмалку 50 малцинства и се зборуваат најмалку 30 различни и слични јазици.

Застапени се и безмалку сите верувања и богови. Будизмот е 8 религија во земјава со 894 приврзаници. Двојно побројни се агностиците, а над 1.000 граѓани се Јеховини сведоци. Православни и Христијани се 1.089.000 граѓани со незначително поголем процент жени. Следбениците на Алах се следни со 590.000 определени. Во однос на жители Македонија и официјално ги доби најбројната и најмалата општина.

Во земјава постојат и граѓани кои го употребиле правото и слободите и се изјасниле дека се марсовци и џедаи според националноста, но и такви кои одбиле да припаѓаат на некоја националност или религија.

Со 97,45 % Во Арачиново, Албанците се етнички најзастпани, следи Липково, а во етничкото милје во Кривогаштани има најголем процент Македонци или над 97. Скоро половина од Ромите како живеалшите ја навеле Општина Шуто Оризари.

Земјата старее според старосните групи. Родените во 1981 – година се најзастапени жители или 26.130 граѓани. Новородените се смалуваат од година во година, а Македонија може да се пофали и со 51 стогодишник или над 4.000 граѓани за време на пописот биле повозрасни од 90 години.

Во Македонија најбројна група со 320.000 припадници се двочлените семејства, а пред нив се самците или 103.000 граѓани, а потоа следат трочелните и четиричлените семејства со 115.000 односно 117.000 на број. Над 2.300 семејства имаат над 10 членови.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе