Вести Свет

ММФ: Русија сега е во опасност да влезе во „длабока рецесија“

Поради санкциите воведени како резултат на инвазијата на Украина, Русија сега е во опасност да влезе во „длабока рецесија“, вели шефицата на ММФ Кристалина Георгиева.

Девалвацијата на рубљата, веќе значително ја намали куповната моќ на руското население, додава таа. Меѓународните девизни резерви на руската централна банка се главно блокирани како резултат на санкциите, што и отежнува на Русија да го стабилизира курсот на рубљата.

„Русија има пари да го сервисира својот долг, но не може да пристапи до нив“, вели Георгиева. Покрај тоа, сервисирањето на државниот долг во странски валути, како што се американски долари или евра, станува сè покомплицирано.

Георгиева минатата недела изјави дека ММФ ќе ја намали претходната прогноза за глобален економски раст од 4,4 отсто во 2022 година како резултат на војната, но рече дека целокупната насока останува позитивна.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе