Русија не гледа причина да испрати мировници на ОН во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Петар Иличев, директор на Одделот за меѓународни организации на Министерството, рече дека мировните сили не се потребни додека Русија има контрола, пренесува РИА.
Нова рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи во понеделник преку видео врска и ќе започне во 10.30 часот по киевско време.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.