Вести Македонија

Грабеж „до последно зрнце сол“ од градинка во Велес, разбојниците исклучиле аларм и однеле се што имало во кујната

Полицијата се обидува да ги најде вештите разбојници кои ја ограбиле централната кујна на детската градинка Димче Мирчев во Велес.

Грабежот е пријавен утрово, а разбојниците најверојатно „работеле“ преку цел викенд и ја однеле сета храна наменета за оброци на 1.260 деца кои се запишани во сите објекти на градинката. Го скршиле прозорецот и влегле преку магацинскиот простор во подрумот каде се сместени котлите за парно греење.

-Веднаш го исклучиле видео надзорот, со што автоматски се исклучува и алармот. Однесено е се што имало како храна за потребите на градинката. Украдени се 10 пакети зејтин, 100 килограми брашно, шекер, целата сол е изнесена, украдени се и месни и млечни производи. Од фрижидерите е украден сиот кашкавал и сето сирење и млеко, ни изјави Маја Велиновска, директорка на градинката.

Украдената стока според пресметките на градинката чини околу 50.000 денари, а дополнително ќе се пресметува и штетата од обивањето. Градинката се организирала и со брза набавка обезбедила храна за оброците на децата, ни изјави директорката Вениновска.

Полицијата го истражува грабежот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе