Руските воздушни ракетни напади се преселија и на крајниот запад на Украина во непосредна близина на границите со две земји членки на НАТО.
Нападната е воената база Јаворов во близина на градот Лвов и спред првичните информации има 9-минат загинати и 57 повредени во гранатирањето на базата.
„За жал, 57 луѓе се ранети и хоспитализирани, девет херои умреа“, објави воениот гувернер на регионот Лвов, Максим Козицки на Telegram каналот.
Козицки изјавил дека руските авиони истрелале околу 30 ракети врз базата, додавајќи дека некои биле пресретнати пред да ја погодат целта.
Андриј Садовји, градоначалник на Лвов, град кој е на 40-тина километри од базата, ја објави информацијата на социјалнит мрежи. Ракетираната база се наоѓа на 25 километри од границата со Полска и е во близина на коридорот за евакуација на цивилите.
„Полска ја осудува секоја агресија врз Украина, вклучителнео и гранатирањето на базата Јаворив“, изјавил портпаролот на полското министерство за надворешни работи во порака испратена до Reuters.
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников напиша на социјалните мрежи дека во базата „работеле странски воени инструктори“, но агенцијата Reuters додава дека не е јасно дали во моментот на нападот биле таму.
„Русија го нападна Меѓународниот центар за одржување на мирот и безбедноста (воената база) во близина на Лвов. Таму работат странски инструктори. Информациите за жртвите се разјаснуваат“, напиша Резников во објавата,
Базата, ноќта кон неделата ја бомбардирале руските сили, што е напад на најзападна мета во Украина од почетокот на руската офанзива. Воениот тренажен полигон и центар за обука, е најголемиот во западниот дел од земјата и по 2014-та година е место за заеднички вежби со НАТО, а се наоѓа на околу 25 километри од границата на Полска.
Очевидци за Reuters рекле дека 19 возила на итната медицинска помош со сирени се движеле кон Јаворив, а уште седум возила се движеле кон базата од која се издигнувал црн чад.
Градоначалникто на Ивано-Франковск (град на запад на Украина), изјавил дека руските сили продолжиле во неделата да го гаѓаат тамошниот аеродром. Според првичните извештаи немало жртви.
Нови жртви во руското бомбардирање на градот Миколаев на југот на Украина