Вести Најважни Свет

35 мртви и 134 во Руски ракетен напад со 30 проектили на база во Западна Украина

На 18-тиот ден од инвазијата на Украина, продолжуваат интензивните руски напади, кои се шират и надвор од досегашните воени зони.

Бараж на руски проектили паднал врз украинската воена база во местото Јаворив, во близина на границата со Полска, при што се убиени најмалку 35 а ранети се 134 луѓе, потврди гувернерот на регионот Лвов.

Според украински извори, врз објектите каде НАТО инструкторите вршат обука на украинските војници, биле истрелани 30-тина проектили, како дел од програмата партнерство за мир, со која се предвидува соработка меѓу НАТО членките и земјите кои не се дел од Алијансата.

Станува збор за база која опфаќа територија од 390 квадратни километри и каде може да се сместат околу 1790 луѓе, иако нема информации колку луѓе се наоѓале таму во моментот на нападот.

Градоначалникот на  Ивано-Франковск, исто така во западниот дел од Украина, потврди дека Руската војска продолжува да го бомбардира аеродромот во овој град, додека сирени за можен воздушен напад се слушаат и во градот Лвов, кој е клучна локација за евакуација на луѓето кои бегаат од регионите во источна Украина , каде судирите се најжестоки.

Нападите на западот од Украина се очекувана ескалација откако режимот на Путин предупреди дека ќе напаѓа цели и во овој дел од државата во обид да го спречи доставувањето на против-тенковски и против-воздушно оружје од НАТО членките и од ЕУ.

На истокот и југот од Украина, најкритично е во градовите Мариупол и Харков. Градот Харков досега беше најжестоко бомбардиран од руските окупациони сили, каде огромна материјална штета е нанесена и на голем број станбени објекти.

Во Мариупол, русите продолжуваат со обидите да ја преземат контролата на градот кој би овозможил да воспостават коридор по земја од Киев до териториите на ткн народни републики во Доњецк и Луганск. Жестоките напади се закануваат да предизвикаат вистинска хуманитарна катастрофа во градот со над 440 илјади жители, кои живеат без струја, греење и со се помалку вода и храна. Доставување хуманитарна помош за жителите на овој град е наш приоритет, порача Украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тешка е состојбата и во градот Чернихив, каде една станбена висококатница била погодена со проектил, при што најмалку еден човек бил убиен.

Нови борби има и во предградијата северно од главниот град на Украина, Киев, кој се подготвува за можна руска опсада.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе