Дронот кој падна во Загреб пред три дена носел бомба. Официјалните хрватски институции соопштија дека дронот од советско производство носел авионска бомба, која се активирала.
Сепак експертите кои три дена по падот на дронот го извлекуаваа денекс од земјата не отркиваат повеќе детали за бомбата, освне дека била од советско производство.
На местото на падот на дронот, во населбата Јарун во близна на истоименото езеро, биле пронајдено траги од експлозив поради што бил евакуиран студентскиот дом кој се наоѓа во близина.
Специјалните единици на полицијата, но и воената полиција се на терен и го вадат леталото дел по дел, за што како што информираат официјалните лица ќе бидат потребно неколку дена да се заврши операцијата.
Се проверува и дали има остатоци од експлозив во земјата, па внимателно се вади слој по слој земја.
Од досегашните податоци кои ги објави хрватското министерство за одбрана леталото не било извидничко туку носело бомба која експлодирала.
Тие информираат дека е најдена и црната кутија од дронот која што треба да помогне да се утврди дако завршил и од каде долетал дронот до Хрватска.
За бомбата ќе биде известено и НАТО.
„Ќе бидат известени истиот миг кога ќе го утврдиме видот на бомбата. Се надевамд ека тоа ќе го направиме многу брзо. Исто така разговорот со НАТО е направен во неколку насоки, разговарав првиот ден со заменикот на генералниот секретар, а премиерот ќе разговара со генералниот секретар и во среда имаме вонреден министерски останок на НАТО кога ќе ја споменеме оваа тема, но исто така и пропустите кои се направени и во Романија и во Унгарија и со тоа е дојдено до оваа ситуација во Хрватска. Односно да била детектирана и решена во соседните држави ние немаше денеска да бидеме тука“ – изјави хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ.
Дронот во Хрватска долетал преку Романија и Унгарија, а засега нема информација дали и припаѓал на руската или на украинската армија.
Тамара Грнчароска