Руската инвазија во Украина и нападите против позициите на одбранбените сили во близина на главниот град на државата, Киев, се интензивираат.
Според проценките, дел од тенковските единици и пешадијата поддржани од хеликоптери се на оддалеченост од околу 25 км од центарот на Киев, градот кој е претворен во тврдина. Се напаѓа од повеќе правци а Украинците предупредуваат дека секој миг може да започне жестоко бомбардирање на главниот град на државата.
Сирени како предупредување за воздушни и ракетни напади се слушаат и во многу други градови во Украина, кои се под обиколени и под опсада од окупационите сили. Градовите Харков, Мариупол, Миколаив и Суми се под постојано бомбардирање а жителите на овие градови се без електрична енергија, со малку храна и вода, во услови на температури под нулата.
Гувернерот на регионот околу Чернихив, предупреди дека во овој град е предизвикана огромна материјална штета на повеќе згради а уништен бил и фудбалскиот стадион во градот.
Украинските власти потврдија и дека во Мариупол била бомбардирана една џамија во градот, каде се криеле повеќе од 80 цивили, меѓу кои и турски државјани. Повеќе стотици жители на градот Мелитопол во југоисточна Украина изглегоа денеска на улиците, протестирајќи против киднапирањето на градоначалникот Иван Федоров од руските сили и барајќи негово ослободување.
Лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Олаф Шолц, разговараа денеска телефонски и со претседателот Путин, од кого претходно побараа итен прекин на огнот од Москва, барање кое беше отфрлено.
Речиси никој не очекува поинаков одговор од Путин, чиј режим го забрани и терминот војна за инвазијата на Украина, која еуфимистички се нарекува специјална операција.
Инвазијата на Украина ја предизвика и најголемат хуманитарна криза во Европа по втората светска војна. Повеќе од 2 и пол милиони Украинци досега биле присилени да побараат спас со руските напади во соседните земји.
Нјаголем е притисокот врз Полска, каде побегнаа над 1 милион и шестотини илајди луѓе, додека Молдавија исто така соопшти дека повеќе речиси и да не може да прима бегалци.
Никола Илиевски