Американскиот претседател Џо Бајден дека одобрил дополнителна воена помош за Украина во износ од 200 милиони долари потврди Белата Куќа.
Со тоа, вкупната американска воена помош за Украина достигна вредност од 1 милијарда и 200 милиони долари од почетокот на 2021-та година.
Средствата може да се користат за купување оружје и други средства за одбрана, вклучувајќи ги анти-оклопните и анти-воздушни проектили.
Оваа одлука следува откако Конгресот претходно одобри итна помош за Украина во износ од 13,6 милијарди долари за Украина.