Хрватските власти со критики за НАТО, поради бавната реакција за беспилотното летало кое се урна вчера во Загреб, во близина на студентски дом. За среќа нема повредени, но уништени се преку 40 автомобили.
Претседателот Пленковиќ тврди дека неговата влада не била информирана, а Алијасата реагирала дури по прашања на новинарите.
Својата загриженост му ја пренел и на гереналниот секретар на алијансата во телефонски разговор. Пред да се урне на хрватска територија, беспилотното летало ги надлетало Романија и Унгарија. Пленковиќ ги повика унгарските власти да започнат истрага бидејќи нивната војска не го забележала беспилотното летало. Русија и Украина негираа дека го лансирале дронот кој е од советско производство.