Вести Свет

Украинскиот градоначалник ги повика граѓаните да не споделуваат снимки по нападот

Руслан Марцинкив, градоначалник на украинскиот Ивано-Франковск, им се обрати на граѓаните преку Фејсбук и го потврди рускиот напад врз неговиот град лоциран во југозападна Украина.

„Непријателот го нападна Франковск“, напиша Марцинкив.

Тој ги повика луѓето да не споделуваат фотографии и видеа од експлозиите и ги предупреди жителите да не ги напуштаат своите домови.

„Останете дома за своја безбедност! Кога ќе помине опасноста, ќе ве известам“, рече Марцинкив.

Нападот на Ивано-Франковск го потврди и руското Министерство за одбрана.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе