Авион во кого бил поранешниот американски претседател Доналд Трамп морал принудно да слета во Њу Орлеанс во саботата вечерта по дефект на моторот над Мексиканскиот залив, изјави еден извор во средата.
Авионот Dassault Falcon 900 полетал од аеродромот во Њу Орлеанс и потоа морал брзо да се врати.
Заедно со Трамп во авионот биле и агенти на тајните служби, персоналот и некои од советниците на Трамп. Ниту советниците, ниту тајната служба не го коментираа инцидентот.
Со авион, Трамп се враќаше во Палм Бич, Флорида од Њу Орлеанс каде им се обрати на донаторите на Републиканската партија на приватен настан.
Авионот бил на еден од донаторите кој му го изнајмил на поранешниот претседател за да дојде на настанот.