Вести Свет Топ вести

Најмалку 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад врз воена база

Украинските власти потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база.

Нападот се случи синоќа во Охтирка, во регионот Суми, кој во моментов е под опсада на руските сили.

Утрово спасувачите и итните служби се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.

„Украинскиот парламент штотуку им оддаде почит на војниците и напиша дека војниците биле убиени од проектили. Вечна слава на хероите на Украина“, напиша Парламентот на Твитер.

 

Претходно, шефот на регионот Суми, Дмитриј Живицки, во телеграма објави дека повеќе од 70 украински војници загинале откако руската армија со проектили погодила воена база во Охтирка, град меѓу Харков и Киев.

Живицки објави фотографии од јагленисани остатоци од четирикатница и спасувачи кои ги пребаруваат урнатините.

Во подоцнежната објава на Фејсбук, тој рече дека многу руски војници и некои локални жители исто така биле убиени за време на борбите во неделата, што досега не е независно потврдено.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

„Супорт Кочани“ ја покри втората пратка со компресивна облека во целост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе