Одбојка Спорт

ФИВБ ја смени одлуката за само 24 часа

Само 24 часа откако најави дека нема намера да го менува календарот и на Русија да и одземе организации на меѓународни натпреварувања, Светската одбојкарска федерација го смени мислењето.

Според последните одлуки ФИВБ реши да ја одземе организацијата на Русија на два турнири во Лигата нации во машка и женска конкуренција кои требаше да се одржат во јуни и јули.

Сепак федерацијата се уште нема да донесе одлука за одземање на Светското првенство во машка конкуренција кое е на програмата во втората половина на оваа година во периодот од 26 август до 11 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид рутински против младинскиот состав на Охрид

Дејан Дејан

Музети се повреди, Алкараз е во финалето на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Македонија пред најтешкиот испит – Белгија гостува во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе