Шефот за политика на премиерот Џонсон, Мунира Мирза, директорот за комуникации Џек Дојл, шефот на кабинетот Ден Розенфилд и потсекретарот Мартин Рејнолдс најавија оставки.
Мирза ја објави својата оставка откако премиерот Џонсон изнесе обвинение дека лидерот на лабуристите Кир Стармер не го гонил педофилот Џими Савил додека тој беше државен обвинител и одби да се извини за ова погрешно тврдење.
Портпаролот на премиерската резиденција број 10 извести дека и шефот на кабинетот Розенфилд му поднел оставка на Џонсон и премиерот ја прифатил оставката, но Розенфилд ќе продолжи да работи додека некој не биде назначен на оваа позиција.
Оставка поденесе и потсекретарот Рејнолдс, кој ќе се врати на својата работа во Стејт департментот.
Оставките на главните соработници на Борис Џонсон дојдоа по зголемената непријатност кон раководството на премиерот во неговата партија.
Џонсон вети дека ќе направи промени во начинот на управување со резиденцијата број 10 на премиерот и Кабинетот во говорот што го одржа во парламентот по објавувањето на извештајот на Сју Греј за забавите организирани во кабинетот на премиерот.
Бројот на забави или настани во Премиерот кои наводно ги прекршиле ограничувањата се искачи на 17, откако беше откриено дека Џонсон одржал роденденска забава за време на првиот карантин во 2020 година, и покрај тоа што ги прекршил ограничувањата за Ковид-19.
Утврдено е дека Џонсон присуствувал и на забава одржана во градината на премиерот на 20 мај 2020 година.
Потврдувајќи го тврдењето и извинувајќи се, Џонсон рече дека сметал дека настанот на кој бил поканет персоналот бил „деловен настан“ со тоа што рекол „донеси свој пијалок“.
Додека некои пратеници од опозицијата и од Конзервативната партија на Џонсон бараа оставка од премиерот, високиот офицер Греј имаше задача да напише извештај за настаните.
Во меѓувреме, полицијата започна сопствена истрага врз основа на информациите кои Греј ги пренесе и изјавите на дежурните полицајци во Владата.