Вести Свет

Не се смируваат тензиите на релација Запад – Русија

Не се смируваат тензиите, но и провокациите на релација Запад – Русија за ситуацијата со Украина. САД ја обвини Русија дека планира буквално да измисли напад на украинската војска на проруските бунтовници и да емитува лажни снимки за да создаде изговор за инвазија на Русија, тврдат американските власти.

За Кремљ, ова не е првпат во САД да провоцираат со вакви материјали, за наводни руски планови, но тоа никогаш не се случило. Ова го вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј песков, кој ги осуди изјавите како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого. Во исто време, Песков не ја исклучи можноста од провокација за да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за насилно решавање на украинскиот конфликт ќе имаат исклучително сериозни последици.

Американските разузнавачи веруваат дека Русија направила план за монтиран инцидент со кој би се оправдала инвазијата на Украина. Според тврдењата на високи американски функционери, една од опциите кои Русија ги разгледува е фабрикување и снимање лажен напад, при што снимките би вклучувале експлицитни глетки на експлозии со голем број жртви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе