Вести Македонија Топ вести

Министерството за здравство се премисли-приватните клиники нема да вршат трансплантација на органи

Пресврт во идејата за во трансплантација на органи да не се мешаат приватни клиники. Министерството за здравство се повлече откако ставот на клиниките и националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Миовска беше дека не треба вклучување на приватниот сектор во дејноста со трансплантации. Таа од новинарите дозна дека се подготвува измена на законот. Вели дека ја има поддршката од сите клиники кои веќе доставиле допис во кој се спротивставуваат на таквата идеја.

Претходно во измените на законот за здравствена заштита во делот каде се зборува за мрежа на здравствени установи кои ќе работат повеќе дејности беше внесен и делот за пресадување органи.

Ова според министерството требаше да се дорегулира со правилник. Објаснувањето беше дека нема да значи дека транспланатцијата целосно ќе се приватизира, туку дека само може да се изнајми просторот за изработка на операциите. Докторите од државното здравство би ги изведувале само во приватна клиника. Од друга страна пак за националниот координатор сегашниот систем перфектно функционира, а тоа се покажа и во изминатава година.

Инаку во изминатава година беа направени 6 операции на срце и два пати повеќе на бубрег. Обид за вклучување на приватниот сектор имаше и во 2014 но не успеа, а сега ако се изгласа за прв пат ќе се озакони нивното вклучување. До сега само докторот од приватната клиника, Жан Митрев учествуваше во првите две операции за пресадување на срце. Но од собраниска процедура после силните реакции е најавено повлекување на овој дел од законските измени.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе