Вести Свет

Бездомник извлекол 9 милиона евра во кеш па умрел од Ковид, уапсен и фудбалски судија -Афера со бугарски патишта Хемусгејт

Во Бугарија постојано се откриваат нови и скандалозни детали во аферата Хемусгејт, наречена по најдолгиот автопат Хемус кој сѐ уште се гради во северниот дел на Бугарија, и кој што води од Варна кон западниот дел на државата.

Уапсен е и поранешен фудбалски судија под сомнение за перење на пари. Борислав Колев немал многу забаележителна улога во делењето на фудбалската правда, но, сега како даночен службеник е во рацете на обвинителството кое го гони како помагач и извршител на перење на над 26,5 милиони евра наменети за изградба на автопатот Хемус.

Според неофицијални полициски информации, неговиот брат е вработен во една од најголемите бугарски градежни компании кои што се ангажирани во изградба на автопатот во Северна Бугарија, пишува весникот 24 Часа.

Државата ги дала парите најпрвин на државната компанија Автомагистрали, која за градењето избрала приватни фирми без тендер за јавна набавка. Истрагата се сомнева дека парите од проектот потоа биле префрлени на таканаречени шел-компании во светски оф-шор зони.

Парите потоа биле подигнувани во кеш и извлекувани од банкарски шалтери или на обични каси. Сумите кои на тој начин биле извлекувани се огромни, а истражувачкиот веб-медиум бирд.бг откри дека во ваква незаконска операција бил ангажиран дури и сиромашен бездомник.

Сиромашниот Красимир Митриков од бугарското село Златја прифатил за 20 илјади лева (10 илјади евра) да извлече од шалтер 9 милиони евра во кеш и да ги предаде на основачите на сомнителните компании. Митриков никогаш не ги добил парите за услугата, стои во написот на бирд.бг, а во меѓувреме е пријавено дека починал од Ковид 19.

Во извлекувањето на парите во кеш учествувал и бугарскиот ММА борец Георги Шкендов, кој според истражувањето, во кеш подигнал 11 милиони евра.

Дел од осомничените во оваа истрага се и вработени во бугарската администрација, но има и припадници на повеќе политички партии во Бугарија и од власта и од опозицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе