Економија

Опозицијата ќе побара ваучери за граѓаните и фирмите, за да се ублажи ценовниот шок

Предлог буџетот, за кој владата тврди дека е развоен, а опозицијата обвинува дека е расипнички беше предметна дискусија во вечерашната Топ Тема на Телма. Опозицијата најави дека ќе поднесе повеќе амандмани, а Љупчо Пренџов од ГРОМ рече дека неговата партија ќе побара субвенционирање со ваучери за граѓаните и приватниот сектор за да се ублажи ударот од ценовниот шок, како и намалување на акцизата за горивата.

Целта е да ги зауздаме малопродажните цени кои што галопирачки секојдневно растат, и на пазарите, и во марктетите, и горивата, итн. Бидејќи за разлика од Хрватската влада која што ги замрзна цените кон граѓаните, нашата влада се занимава со локални избори и е во оставка, а не се бави со суштинските проблеми. И ова е една од причините зошто во иднина кога ќе има локални избори, премиерот треба да си ја гледа работа за која што е платен, бидејќи владата е таа која што ја креира енергетската политика. Владата е таа која што од Шпиље до Калиманци ги исуши сите води, рече Пренџов.

Тој обвини дека немарноста на владата ќе нѐ чини помеѓу 350 и 380 милиони евра, бидејќи веќе за два ипол пати е зголемена цената на енергијата кај приватниот сектор.

За пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска моменталната криза е последица на години наназад недомаќинско работење на претходните влади.

Кога зборувам за години наназад, зборувам за 15 години наназад, кога претходни влади главните инвестиции во енергетиката кои што биле од огромни суми, кои што се движат до милијарда евра, во енергетиката се промашувале многу големи работи. Доколку од сето ова се инцвестирало барем дел тогаш ударот кој сега го чувствуваме би бил многу послаб, рече Георгиевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе