Вести Македонија Топ вести

Сугарески поднесе оставка од претседател и член на надзорниот одбор на СДСМ

Поранешниот министер за транспорт и врски и директор на Царинската управа, по поразот на локалните избори за градоначалник на Прилеп, поднесе оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Сугарески својата оставка ја објави на Фејсбук профилот.
Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, пишува Сугарески на својот Фејсбук профил.
Тој вели дека извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија.
– Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Кампањата не е почната, нападите врз кандидатите – да

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе