Вести Македонија Топ вести

Левица бара ревизија во Општина Карпош

Советниците на Левица поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во Општина Карпош.

Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина за поднесување на ова барање. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија, изјави Мартин Димоски, советник во Општина Карпош.

Последната ревизија во Општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година. Со барањето на Левица, се иницира спроведување ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Кампањата не е почната, нападите врз кандидатите – да

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе