Македонија

Македонија преку Интерпол и Европол ќе бара дали некој злоупотребувал или фалсификувал дипломатска пратка од земјава

Македонија преку Интерпол и Европол ќе бара дали некој злоупотребувал или фалсификувал дипломатска пратка од земјава, откако минатата недела беше објавена информација за наводна заплена на дипломатска пратка во Италија во која се шверцувале цигари и алкохол. Од МНР за Телма информираат дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, писмено му се обратил на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за добивање на дополнителни информации од страна на меѓународните полициски-истражни органи во кои земјава е членка или соработува, за наводна злоупотреба или фалсификување на дипломатска пратка.

МНР претходно информираше дека првичната контрола не потврдила постоењето на ваков случај и не биле пронајдени докази за злоупотреба на дипломатска пратка од вработените во Министерството, а до амбасадите во Париз, Љубљана и во Рим и конзулатите во Венеција и во Солун, досега не е пристигната никаква информација од земјата домаќин за злоупотреба или фалсификување на дипломатска пратка од Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе