Македонија

Историчарот Вачно Ѓорѓиев формално-правно се уште не поднел оставка

Историчарот Вачно Ѓорѓиев официјално се уште е член на Комисијата за историски прашања со Бугарија, бидејќи формално-правно тој се уште не поднел оставка, информираат од МНР за Телма.

Министерство за надворешни работи: „Засега, информациите за јавната оставка на еден член на Мешовитата комисија за историски и образовани прашања е само усно изразена волја без никаква поткрепа во форма на писмен документ. Во овој момент Договорите на сите членови на Комисијата се Валидни, и сѐ додека формално некој од нив не се раскине, правата и обврските кои произлегуваат од овие Договори на сите членови е во целосен капацитет“.

Професорот Ванчо Ѓорѓиев во петокот преку соопштение ја информираше јавноста дека се повлекува од работата на Комисијата, поради, како што наведе, политички притисок врз работата на Комисијата на висок функционер на МНР. На ваквите наводи на Ѓорѓиев веднаш стигна демант од МНР, но и од Владата за вршење на влијание врз работата на Комисијата, а шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека ќе ги испита наводите на Ѓорѓиев за притисоци.

Инаку од МНР информираат дека било кој член на Комисијата може да побара раскинување на договорот, што наједноставно се прави преку пополнување на писмен документ во Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе