Вести Македонија

На Водно на нива со лозје, рамнел земјиште- општина Центар најавува казни за сопственикот и кривична пријава

По инспекторски увид на Водно утврдено е дека има градежни активности на земјоделски парцели каде е забрането било каква градежна интервенција.

-Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради, соопшти денеска Општина Центар.

Реакцијата на општината доаѓа откако вчера ТВ Сител објави информација за никнување на нова населба во парк шумата Водно.

Општина Центар соопшти дека за сите понатамошни постапки, јавноста ќе биде информирана дополнително.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе