Склучување на договори за финансиска помош во време на распишани избори е спорно и дискутабилно но истовремено и законски покажуваат наодите на Антикорупционерите кои постапуваа по приговор поднесен од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Приговорот се однесува на 111 седница на Владата одржана на 13 октомври, на која се носи согласност за 160 одлуки за финансиска помош за правни лица.
Од Антикорупциска е побаран одговор од Владата и надлежните институции, од каде останале на ставот дека ниту еден закон не е прекршен.
Бидејќи приговорот се однесува на исплати по основ на склучените договори, кои сеуште не се почнати, Антикорупционерите мораа да го одбијат.
За претставникот на опозицијата спорни се одговорите на Владата и владините претставници.
Склучувањето на договорите е овозможено преку измени во Закон за финансиски инвестиции донесени по скратена постапка и објавени во Службен весник два дена пред да се распишат локалните избори.
Од аниткорупцика најавија дека веќе ги следат овие сиви зони преку кои се овозможува суптилен поткуп и влијание врз гласачите и не ја исклучија можноста да оформат предмет.
Огнен Чанчаревиќ