Вести Македонија Најважни

36-годишна жена е најмладиот починат пациент со ковид во болницата во Тетово

10 лица починаа во Клиничката болница во Тетово како последица од компликации на ковид 19, во изминатите 24 часа, сметајќи го периодот од вчера во 7 часот до ова утро во 7 часот, според лекарските извештаи. Координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини, информира дека пациентите имале предходни хронични заболувања, а дел од нив дошле во лоша здравствена состојба. Покрај големиот број смртни случаи, продолжува и растечкиот тренд на хоспитализации.

Влошувањето на епидемиолошката состојба повторно ги собра на состанок членовите на кризните штабови во Тетово и во Гостивар. И локалните власти не предлагаат нови мерки, туку се насочуваат кон процесот на вакцинација.

Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, по денешниот состанок истакна дека состојбата е сериозна, но под контрола.

На вчерашниот состанок тетовсакиот кризен штаб одлучи да отвори повеќе пунктови за вакцинација.

Свадбените и други прослави, без почитување на мерките и протоколите, според епидемиолозите се причина за четвртиот бран на пандемијата. Бројот на новозаразени во тетовско-гостиварскиот регион постојано расте, така што вчера се евидентирани вкупно 3 258 активно болни лица.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иницијативата „Кој е следен?“ со барање за воведување на е-инспекторат

Дејан Дејан

Судски одлучи парично да го казни судијата Пајазити

Дејан Дејан

Горивата од полноќ поевтинуваат за 2,5 денари за литар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе