Вести Култура

Стефоска: Се обврзавме на засилена заедничка работа со Албанија во зачувување на статусот на Охридскиот Регион

Денеска, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу (Народна Република Кина), донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.

Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија и Република Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на Регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство. Двете земји  добиваат повеќе време за да ги исполнат препораките кои произлегуваат од реактивните мониторинг мисии и одлуките на Комитетот.

„Остануваме впишани на престижната листана УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, Струга и Дебарца не се впишани во нашите срца, бадијала е впишувањето или отпишувањето од која било листа“, вели министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.

Министерката Стефоска порачува дека оваа одлука  е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот Регион.

Покрај засилената конкретна соработка со Албанија, во периодот кој претстои, Стефоска вели дека ја засилуваме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери со цел соодветна рехабилитација и управување со Охридско-Струшкиот Регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе