Вести Македонија Топ вести

Епидемиолозите оптимисти – нема да има нови бранови на зараза, добра е состојбата

Најлошото е зад нас – оптимистички гледаат дел од епидемиолозите на актуелната Ковид-состојба во земјата. Во Македонија веќе е детектирана индиската мутација, ги имавме и јужноафриканската, британската и десетици други во изминатите месеци.

Но, во природата на вирусите е да мутираат и засилените рестрикции и општиот страв од зараза не би требало да се повторат како и на почетокот на целата пандемиска приказна, смируваат дел од епидемиолозите.

Најмоќното оружје во борбата со заразните болести, вакцините – сега се веќе на располагање, а вакцинацијата целосно ја менува епидемиолошката слика вели доктор Александар Стојанов.

Според него, последните бројки на новозаразени се занемарливи, а добра вест е и намалениот број на смртни случаи.

„Не е иста ситуацијата како минатата година и не би стравувал дека ќе дојде трети, четврти, петти бран со некој мутиран вирус затоа што вакцините и прележувањето даваат одреден степен на заштита и од овие мутирани вируси. Значи основата ја имаме. И да го добијат новиот вирус некои од луѓето, нема да биде така како што беше претходно односно нема да завршат во болница или да завршат летално“ вели  Д-р. Александар Стојанов – Епидемиолог.

Нискиот број на новозаразени и починати во изминатите денови е добра основа за елиминирање на наметнатите рестрикции кои засега се уште остануваат во сила, иако на почетокот на месецот се отстрани и мерката за задолжително носење на маски на отворени, како и низа други ограничувања во однос на угостителите.

Но, и мерки и без – земјата го достигнува задоволителното ниво на колективен имунитет и за доктор Стојанов, тоа е факт.

„Нека продолжи овој тренд на опаѓање на бројот на новозаболени и починати, како и трендот на вакцинирање и тогаш ќе може да зборуваме и дополнително да се елиминираат мерките. Ќе дојде есента, ќе треба децата да одат на училиште. Полека го постигнуваме задоволително ниво на заштита и жал ми е што тоа порано не се случи. Е, сега сигурно дека свадбите се проблем, но со одредени протоколи сигурно тоа ќе се санира“ вели Д-р. Александар Стојанов.

Во меѓувреме, четворица починати од Ковид во изминатото деноноќие, регистрираше Институтот за јавно здравје. Сите починати се над 70 години, и сите во болница.

Направени се 2.853 тестирања, и запишани 23 нови случаи. Со последните податоци, бројот на активни случаи изнесува 451, а од почетокот на пандемијата, починаа 5.462.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе